• понеделник, 17 март 2025

Кинески борбен авион се урна за време на тренинг

Кинески борбен авион се урна за време на тренинг

Пекинг, 16 март 2025 година (МИА) - Кинески борбен авион се урна за време на тренинг, а пилотот се катапултирал и безбедно слетал со помош на падобран, објавија денеска државните медиуми.

Во краткиот извештај на новинската агенција Синхуа се вели дека несреќата се случила во близина на градот на најјужната кинеска островска провинција Хаинан, дом на бројни воздушни и поморски бази, радарски станици и друга воена инфраструктура свртена кон стратешки важното Јужно Кинеско Море.

Во извештајот не се наведени повеќе детали, освен дека се истражува причината за несреќата.ссм/

фото: архива/илустрација

Остани поврзан