Сочувство за трагедијата во Кочани од Министерството за надворешни работи на Кипар
- Сочувство и длабока тага „за страшната трагедија во Кочани во Северна Македонија“ изразија преку платформата Икс од Министерството за надворешни работи на Кипар, јави дописничката на МИА од Атина.

Никозија, 16 март 2025 (МИА) – Сочувство и длабока тага „за страшната трагедија во Кочани во Северна Македонија“ изразија преку платформата Икс од Министерството за надворешни работи на Кипар, јави дописничката на МИА од Атина.
- Нашите мисли се со пријателскиот народ на Северна Македонија и со семејствата на жртвите на кои им изразуваме најдлабоко сочувство, како и брзо закрепнување на повредените, напишаа од кипарското МНР.
Трагедијата во Кочани, како и во светските и регионалните медиуми, така и за кипарските е една од главните вести денеска. ср/ссм/