• среда, 25 декември 2024

Бајден ја назначи Лиз Гранде за нов специјален пратеник за блискоисточни хуманитарни прашања

Бајден ја назначи Лиз Гранде за нов специјален пратеник за блискоисточни хуманитарни прашања

Вашингтон, 25 април 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден ја назначи Лиз Гранде за нов специјален пратеник за блискоисточни хуманитарни прашања, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Гранде, која го замени Дејвид Сатерфилд, моментално е шеф на независниот американски Институт за мир.

Таа претходно работеше за Обединетите нации повеќе од 25 години, кариера која вклучува водечки операции за помош во Јемен, Ирак и Јужен Судан. паг/

Фото: Фејсбук

 


 

 
 

 

 

Остани поврзан