• четврток, 26 декември 2024

Папата Франциск во божиќното обраќање повика на прекин на војните во Газа и Украина

Папата Франциск во божиќното обраќање повика на прекин на војните во Газа и Украина

Рим, 25 декември 2024 (МИА) - Папата Франциск денеска во божиќното обраќање повика на прекин на војните во Газа и Украина и изрази надеж дека мирот ќе се постигне преку дијалог.

Во пораката „Urbi et Orbi“ („Кон градот и светот“) што ја упати од централниот балкон на базиликата „Свети Петар“ во Рим, тој на верниците собрани на истоимениот плоштад им порача дека сега е потребна „храброст да се отворат вратите за преговори“ со цел завршување на војната во Украина.

„Нека прекине звукот на оружјето во разурнатата Украина!“, рече папата и повика на „гестови на дијалог и средби, за да се постигне праведен и траен мир“. рп/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан