• среда, 24 јули 2024

Бајден утре ќе и се обрати на нацијата

Бајден утре ќе и се обрати на нацијата

Вашингтон, 23 јули 2024 (МИА) – Американскиот претседател Џо Бајден утре ќе и се обрати на нацијата за првпат откако се откажа од кандидатурата за реизбор и ја поддржа потпретседателката Камала Харис да го замени како демократски претседателски кандидат.

Бајден денеска на X напиша дека неговиот говор во Овалната канцеларија ќе биде за „она што претстои и како ќе ја заврши работата за американскиот народ“.

Бајден (81) беше во изолација во неговата резиденција во Делавер од крајот на минатата недела откако беше позитивен на тест за Ковид-19. јт/

Остани поврзан