• сабота, 23 ноември 2024

Бајден гласаше во Делавер

Бајден гласаше во Делавер

Вашингтон, 28 октомври 2024 (МИА) – Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска гласаше во американската сојузна држава Делавер за кандидатката на демократите Камала Харис.

Бајден, кој се откажа од изборната трка во јули, им се придружи на голем број Американци кои го искористија своето право да гласаат предвреме, пред 5 ноември, кога ќе се одржат изборите во САД.

Бајден гласаше на локација во Њукасл, Делавер.

Тој оцени дека потегот на американскиот милијардер Илон Маск, сојузникот на Трамп, да им даде на републиканските гласачи награда од милион долари на лотарија е „целосно непримерен“.

Маск рече дека неговиот комитет за политичка акција кој го поддржува Трамп, Америка ПАК, ќе дава по еден милион долари секој ден до изборите на некој што ќе ја потпише неговата петиција со која ги повикува републиканците во клучните држави да се регистрираат за гласање. јт/

Остани поврзан