• недела, 28 јули 2024

Барти со прв трофеј на домашен терен, Рублев со втора титула во годината

Барти со прв трофеј на домашен терен, Рублев со втора титула во годината
Аделаида, 18 јануари 2020 (МИА) - Светскиот рекет број 1 Ешли Барти ја освои својата прва титула во кариерата на домашен терен, откако ја победи Дајана Јастремска во финалето на турнирот во Аделаида со 6-2, 7-5 за околу час и половина. Австралијката заврши со 15 винери, додека Јастремска направи 31 неизнудени грешки. Барти сега води со 2-0 во директните дуели, откако минатата година ја победи тенисерката од Украина во Мајами. Покрај трофејот, таа го обезбеди и своето прво место на ранг-листата пред почетокот на Австралија опен, каде во првата рунда ја чека Лесија Цуренко. Кај мажите, Андреј Рублев го продолжи својот прекрасен настап од почетокот на сезоната и ја освои втората титула, откако го победи Лојд Харис без проблем во финалето во Аделаида по 6-3, 6-0 за помалку од еден час игра. Рублев го стартува својот поход на Австралија опен против Кристофер О’Конел, кој доби „вајлд карта“, а во следните рунди може да се соочи со Давид Гофен и Александар Зверев.

Остани поврзан