Барселона се обидува да ја намали цената на Мемфис Депај
- Според изворот, Каталонците не се задоволни од бараната сума за 26-годишниот Холанѓанец. Французите сакаат 25 милиони евра, додека шпанското раководство не е подготвено да плати повеќе од 20
![Барселона се обидува да ја намали цената на Мемфис Депај](https://mia.mk/index.php/images/20221104212317_big_730x400_10.webp )
Лион, 29 септември 2020 (МИА) - Напаѓачот на Лион, Мемфис Депај, продолжува да биде во фокуст на Барселона, пренесува „Мундо Депортиво“.
Според изворот, Каталонците не се задоволни од бараната сума за 26-годишниот Холанѓанец. Французите сакаат 25 милиони евра, додека шпанското раководство не е подготвено да плати повеќе од 20 милиони, повикувајќи се на фактот дека договорот на Депај истекува за една година.
Минатата сезона тој одигра 22 натпревари и постигна 15 погодоци во сите натпреварувања.