• сабота, 23 ноември 2024

Барселона планира да троши 200 милиони евра за летни трансфери

Барселона планира да троши 200 милиони евра за летни трансфери

Барселона, 26 март 2024 (МИА) - Екипата на Барселона планира да потроши околу 200 милиони евра за летни трансфери, пренесува „Фут Меркато“.

Според изворот, на крајот на сезоната Каталонците ќе продадат неколку играчи за да добијат што повеќе пари. Рафиња, за кој претензии има саудиски Ал-Хилал, речиси сигурно ќе си замине.

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта најави подобрување на финансиската состојба на клубот.

По 29 кола во Ла Лига, Барселона е на 2. место во поредокот со 64 бодови. дс

Фото: Архива

Остани поврзан