Мајами планира повторно да го суспендира Батлер
- Мајами има намера да го суспендира својот најдобар кошаркар Џими Батлер на два натпревара поради прекршување на дисциплината, објави НБА-инсајдерот Шамс Чаранија на социјалните мрежи.
Мајами, 23 јануари 2025 (МИА) - Мајами има намера да го суспендира својот најдобар кошаркар Џими Батлер на два натпревара поради прекршување на дисциплината, објави НБА-инсајдерот Шамс Чаранија на социјалните мрежи.
Според информациите од САД, Батлер го пропуштил летот на тимот и имал намера да им се придружи подоцна за следниот натпревар.
Претходно, кошаркарот беше суспендиран на седум натпревари исто така поради нарушена дисциплина.
Во тековната НБА-сезона, Батлер одигра на 25 натпревари. Тој имаше просек од 17 поени, 5,2 скока и 4,8 асистенции по натпревар. зс/
Фото: ЕПА