Гвардиола: Ако не го победиме Бриж во последното коло, не заслужуваме да бидеме во плејофот
- Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, ги оцени шансите на тимот за пласман во плејофот по синоќешниот пораз од ПСЖ (2:4) во 7. коло од Лигата на шампионите.
Манчестер, 23 јануари 2025 (МИА) - Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, ги оцени шансите на тимот за пласман во плејофот по синоќешниот пораз од ПСЖ (2:4) во 7. коло од Лигата на шампионите.
- Елиминација од Лигата на шампионите? Ова може да се случи. Ако не го победиме Клуб Бриж во последното коло, не заслужуваме да одиме во плејофот. Спортинг е тежок, ПСЖ е тежок, Јувентус исто така, сите наши гостувања беа тешки. Ова е реалност. Не освоивме доволно поени. Последниот натпревар против Бриж ќе ни покаже до каде сме, изјави Гвардиола за „BBC“.
На едно коло до крајот на првата фаза, Манчестер Сити се наоѓа на 25. место на првенствената табела со 8 бодови. Два бода повеќе има Штутгарт кој е на 24. место.
Последното коло во елитното фудбалско натпреварување ќе се игра на 29 јануари. зс/
Фото: ЕПА