• вторник, 24 декември 2024

Барселона има намера да потпише со тројца новаци во зимскиот трансфер рок

Барселона има намера да потпише со тројца новаци во зимскиот трансфер рок
Барселона, 6 ноември 2021 (МИА) - Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, за шпанските медиуми потврди дека клубот работи на засилувања во претстојниот преоден рок. Каталонците имаат намера да набават тројца играчи. Во моментов Барселона е на 11. место во шпанската Ла Лига. По 11 натпревари тимот има 16 бодови. Оваа недела беше објавено дека за главен тренер е назначен поранешниот играч за врска Чави, кој претходно работеше во Ал-Сад. зс/

Остани поврзан