• сабота, 23 ноември 2024

Ашкенази: Мали се шансите анексијата на Западниот Брег да почне денеска

Ашкенази: Мали се шансите анексијата на Западниот Брег да почне денеска
Ерусалим, 1 јули 2020 (МИА) - Израелскиот министер за надворешни работи Габи Ашкенази изјави дека е малку веројатно денеска да почне предложената анексија на окупираните делови на Западниот Брег, како што претходно беше најавено од коалициската Влада на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Ашкенази за Израелското воено радио истакна дека според него е мала веројатноста процесот на присоединување на окупираните делови на Западниот Брег кон Израел да започне денеска. Нетанјаху вчера се сретна со официјални претставници на САД за да разговараат околу анектирањето делови на Западниот Брег според рамката која е предложена во блискоисточниот мировен план на американскиот претседател Доналд Трамп. Израелскиот премиер додаде дека разговорите ќе траат уште неколку дена, што, исто така, укажува дека се мали шансите анексијата да почне денеска. гт/

Остани поврзан