• петок, 05 декември 2025

Атлетико Мадрид го продолжи договорот со Фернандо Торес

Атлетико Мадрид го продолжи договорот со Фернандо Торес

Мадрид, 31 мај 2025 (МИА) - Атлетико Мадрид го објави продолжувањето на договорот на тренерот на својот втор тим, Фернандо Торес.

Според официјалната веб-страница на клубот, новиот договор со 41-годишниот стручњак е до 2027 година.

Финансиските детали од новиот договор не беа откриени.

Торес го тренира вториот тим на „јорганџиите“ од 2022 година. Во тој период, тимот двапати го освои шампионатот, а исто така стигна и до полуфиналето на Младинската лига на УЕФА. дс

Фото: Архива

Остани поврзан