Милвоки меѓу две и четири недели без првата ѕвезда
- Првата ѕвезда на Милвоки Бакс Јанис Адетокумбо ќе отсуствува од терените меѓу две и четири недели, откако се здоби со повреда на десниот лист за време на натпреварот со Детроит Пистонс
Милвоки, 4.декември 2025 (МИА) – Првата ѕвезда на Милвоки Бакс Јанис Адетокумбо ќе отсуствува од терените меѓу две и четири недели, откако се здоби со повреда на десниот лист за време на натпреварот со Детроит Пистонс.
Повредата ја доби во првата четвртина откако по болката падна на паркетот и веднаш ја напушти играта и повеќе не се врати на терен.
Ова е само дополнителен проблем за екипата на Милвоки, по не баш најдобриот старт на сезоната. Адетокумбо сезоната ја игра на високо ниво со просек на поени – 30,6; скокови – 10,7 и 6,4 асистенции со речиси неверојатен шут од игра од 63,9%.
Во НБА круговите од пред неколку дена е актуелно дека Адетокумбо побарал „трејд“ од Милвоки. Мн/
Фото: ЕПА