• петок, 05 декември 2025

Навивачите не го заборавија Обрадовиќ, а ги исвиркаа играчите на Партизан

Навивачите не го заборавија Обрадовиќ, а ги исвиркаа играчите на Партизан

Белград, 4.декември 2025 (МИА) – Натпреварот од Евролигата во Белград меѓу Партизан и Баерн привлече многу внимание пред сè поради случувањата во таборот на „црно-белите“ околу заминувањето на тренерот Жељко Обрадовиќ. По последните вести кои стигнаа до јавноста и пред сè до навивачите на Партизан, вечерашниот дуел од трибините имаше очекувана реакција.

Навивачите не го забораваат тренерот, а не им простуваат ниту на играчите, па нивното појавување на теренот беше проследено со свирежи, а особено за играчите: Стерлинг Браун, Џабари Паркер и Тајрик Џонс.

Ова е прв натпревар на Партизан сезонава без Обрадовиќ на клупата, а натпреварот со Баерн тимот како в.д. го предводи Мирко Оцокољиќ, кој исто така беше исвиркан. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан