• четврток, 01 август 2024

Асфалтирана улицата покрај новото училиште во општина Илинден

Асфалтирана улицата покрај новото училиште во општина Илинден

Скопје, 30 јули 2024 

Општина Илинден интензивно работи на подобрување на патната инфраструктура. Асфалт доби новата улица н„6“ во локалната економска зона Ограѓе, во населба Илинден. Улицата е во должина од 120 метри и широчина 5,5 метри, а по целата должина на улицата од двете страни изградена е и пешачка патека во широчина од 2,5 метри.

Градоначалникот Александар Георгиевски направи увид во текот на асфалтирањето и истакна дека оваа улица претставува сервисна улица со која се поврзува новото подрачно основно училиште „Гоце Делчев“ во н.Илинден како и Домот за стари лица кој е во интензивна градба. Исто така  улица е од големо значење за функционалноста на стопанските субјекти кои се наоѓаат во овој дел на населба Илинден.

 Дополнително градоначалникот Георгиевски истакна дека е особено задоволен што овој проект се реализира во соработка со компанијата АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ Скопје, која како општествено одговорна компанија учествува во реализација во градежните работи на терен. 

Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи да реализира проекти за подобрување на локалната патна инфраструктура како еден од главните приоритети за локален економски развој на Општината.   

Општина Илинден 

__________________________________________________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан