• петок, 23 август 2024

Аспидес: Оштетениот танкер „Сунион“ е еколошка закана во Црвеното Море

Аспидес: Оштетениот танкер „Сунион“ е еколошка закана во Црвеното Море

Сана, 22 август 2024 (МИА) – Нападнатиот и оштетен танкер „Сунион“, што пловеше со 150.000 тони сурова нафта, сега претставува еколошка закана за Црвеното Море, соопшти Европската поморска мисија на Црвеното Море -Аспидес.

Танкерот „Сунион“, што пловеше под грчко знаме, вчера беше нападнат со неколку проектили во близина на јеменското пристаниште Ходеида, област каде Хутите поврзани со Иран напаѓаат бродови во знак на солидарност со Палестинците во војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа.

„Пренесувајќи 150.000 тони сурова нафта, „MV SOUNION“ сега е закана за навигацијата и животната средина, соопшти Апсидес на платформата X.

Хутите сè уште не ја презеле одговорноста за нападот.

„Сунион“ е третиот брод на атинската компанија „Делта тенкерс“ што овој месец е нападнат во Црвеното Море. Нападот предизвикал пожар на бродот, што екипажот го изгаснал, соопшти „Делта тенкерс“.

Британската агенција за поморска трговија УКМТО соопшти дека моторите на танкерот откажале поради нападот. Бродот сега е закотвен меѓу Јемен и Еритреја, изјави извор од поморската безбедност.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан