• сабота, 23 ноември 2024

Висока опасност од пожари во одредени делови на Грција, надлежниот министер повикува на зголемена внимателност

Висока опасност од пожари во одредени делови на Грција, надлежниот министер повикува на зголемена внимателност

Атина, 23 август 2024 (МИА) – Во следните денови во неколку делови на Грција постои многу висока опасност од пожари, а министерот за климатски кризи и цивилна заштита Василис Кикиљас апелираше сите да бидат максимално внимателни, јави дописничката на МИА од Атина.

Кикиљас објасни дека според надлежната комисија за оцена на опасностите денеска и за време на викендот во централна и јужна Грција, делови од Пелопонез и на островите во Егејското море ќе преовладуваат тешки временски услови со силен ветер што ќе достигне до шест и седум Бофори и дополнително ќе се зајакне в недела.

- Повикувам на внимателност и барам од нашите сограѓани да бидат максимално внимателни, бидејќи не е дозволена некаква грешка, истакна надлежниот министер.

За денеска, постои многу висока опасност од пожари, од категорија четири во неколку делови на Грција, конкретно во јужниот дел. ср/

Остани поврзан