• сабота, 16 ноември 2024

Арсенал е подготвен да потроши над 200 милиони фунти во летниот преоден рок

Арсенал е подготвен да потроши над 200 милиони фунти во летниот преоден рок

Лондон, 16 мај 2023 (МИА) - Арсенал ова лето би можел да го сруши рекордот на трошоците за трансфери, објави „Тајмс“.

 

Лондонскиот премиерлигаш е подготвени да потроши повеќе од 200 милиони фунти. Главните цели на „Топчиите“ се играчот од средниот ред на Вест Хем, Деклан Рајс и играчот од средниот ред на Брајтон, Мојсес Кајседо.

 

Арсенал е втор во табелата во Премиер лигата со 81 бод по 36 натпревари. Во последниот натпревар лондонци убедливо загубија од Брајтон (0:3).

 

Речиси цела сезона Арсенал беше лидер на табелата во Премиер лига, но попушти во финишот и сега е само со теоретски шанси да биде подобар од Манчестер сити. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан