• понеделник, 23 декември 2024

Арсенал во проблеми: Три исклучувања, седум загубени бодови

Арсенал во проблеми: Три исклучувања, седум загубени бодови

Лондон, 20 октомври 2024 (МИА) - Арсенал го доживеа првиот пораз во Премиер лигата, како и првиот пораз на гости во 2024 година, но многу поголем проблем за „топчиите“ е третото исклучување на играчи во првите осум кола!

Против Брајтон беше исклучен Рајс (49. минута) и мечот заврши 1:1, во дуелот со Манчестер Сити (2:2) цело второ полувреме го одиграа без Леандро Тросар, а серијата продолжи синоќа против Бурнемаут (0:2) откако Вилијам Салиба беше исклучен во 30. минута. Три меча со играч помалку и два освоени бода може скапо да го чинат Арсенал во трката за титулата.

-Ако не го променат ова, сигурно нема да ја освојат Премиер лигата, истакна легендарниот напаѓач Алан Ширер.

Менаџерот Микел Артета по натпреварот истакна дека неколку пати разговарал со играчите за дисциплината.

-Да се ​​одиграат 65 минути со 10 играчи е речиси невозможна мисија на ова ниво. Има работи за кои разговаравме со играчите на оваа тема. Сигурно треба да се стремиме да останеме со 11 играчи на теренот ако сакаме да бидеме на позиција. да се бориме за нашата главна цел, истакна Артета.

Фудбалерот на „топџиите“, Деклан Рајс верува дека одредена наивност го чинела Салиба исклучување.

-Не можеме да правиме глупави и наивни грешки. Три пати во осум кола имавме играч помалку и само ако сме сите заедно можеме да бидеме на врвно ниво, порача тој.

Треба да се каже дека последен премиерлигашки шампион со три суспензии во една сезона беше Лестер (2015/16), а оттогаш до минатата сезона шампионите немаа повеќе од две суспензии за целата сезона. 

Арсенал веќе има три и тоа е повик за будење и за Артета и за играчите, пишуваат медиумите на Островот. дс

Фото: Архива

Остани поврзан