Аргентинскиот претседател Милeи ја почна својата европска турнеја
- Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи попладнево пристигна во Мадрид, започнувајќи ја својата турнеја низ Европа, во која ќе биде вклучена и Германија, јави ДПА.
Мадрид, 21 јуни 2024 (МИА) - Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи попладнево пристигна во Мадрид, започнувајќи ја својата турнеја низ Европа, во која ќе биде вклучена и Германија, јави ДПА.
Тој беше игнориран од шпанската левичарска влада и од кралот Фелипе Шести, со кого нема предвидена средба.
На предизборен митинг за европските избори, организиран од шпанската партија „Вокс“ во мај, Милеи го нападна шпанскиот премиер Педро Санчез и ја нарече неговата сопруга Бегоња Гомез „корумпирана“.
Шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес, пак, го обвини Милеи дека ја напаѓа шпанската демократија, шпанските институции и Шпанија како целина. Милеи го отфрли барањето за јавно извинување и оттогаш продолжува со вербалните напади.
Во рамките на посетата, аргентинскиот лидер има планирана средба со премиерката на регионот Мадрид, Изабел Дијаз Ајусо, која е претставник на конзервативната Народна партија.
Милеи се очекува утре да биде во Хамбург, а в недела во Берлин ќе се сретне со германскиот канцелар Олаф Шолц. Последната станица од европската турнеја на аргентинскиот претседател е Чешка. рп/
Фото: МИА архива