• среда, 01 април 2026

Херцог доби дополнителни материјали за барањето на Нетанјаху за помилување

Херцог доби дополнителни материјали за барањето на Нетанјаху за помилување

Тел Авив, 1 април 2026 (МИА) - Одделот за помилување при израелското Министерство за правда денеска објави дека доставил дополнителни материјали до канцеларијата на претседателот Исак Херцог, што беа побарани во врска со барањето за помилување од премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Правниот советник на Херцог, Михал Зук, изјави дека се бараат „дополнителни материјали“, вклучително и преседани во врска со користењето на овластувањата за помилување пред завршувањето на кривичната постапка, објави „Тајмс оф Израел“.

Претходно во март Министерството за правда изнесе став за барањето, наведувајќи дека помилувањето би било проблематично и без преседан, бидејќи судењето на Нетанјаху сè уште е во тек, а во претходното барање тој не призна вина ниту изрази каење.сд/ссм/

Фото: МИА архива

Остани поврзан