• понеделник, 23 декември 2024

Арбен Фетаи - вицепремиер за политики и добро владеење

Арбен Фетаи - вицепремиер за политики и добро владеење

Скопје, 23 јуни 2024 (МИА) – Арбен Фетаи, кој во новата Влада ќе биде вицепремиер за политики и добро владеење, е роден во Куманово на 11 декември 1980 година. 

Дипломира на политички науки на Бриселскиот слободен универзитет, а специјализира надворешни односи на Институтот за европски студии во Белгија.  

Фетаи е секретар за надворешни работи на Алијансата за Албанците и шеф на кабинетот на Арбен Таравари.

Во неговата биографија приложена со Собранието стои дека Фетаи има повеќегодишно искуство во меѓународни институции и фондации во Белгија и Косово, а од 2022 година работи како извршен директор на Институт за јавна политика Арбен Џафери, во Скопје, додека од 2021 е глобален координатор за застапување на Стратешко партнерство финансирано од холандското Министерство за надворешни работи и спроведено од Aidsfonds, во Брисел.

Од 2010 до 2021 година работи како Виш советник за ЕУ политика на два проекти за застапување на глобалните фондови, и за акција за глобално здравје, финансирани од Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, во Брисел. 

Бил ангажиран и во регионот, работејќи како надворешен советник на ЕУ проекти за градење капацитети на канцеларијата за евроинтеграции во Кабинетот на премиерот на Косово во периодот од 2005 до 2008 година.

Фетаи има двојно државјанство, покрај македонското, во неговата биографија приложена со Собранието стои дека има и белгиско државјанство. Зборува албански и француски како мајчини јазици, а познава и македонски, англиски и холандски. аа/дма/

Фото: ФБ профил на Арбен Фетаи

Остани поврзан