• четврток, 07 ноември 2024

Анкета: Азиските гласачи ѝ даваат предност на Харис пред Трамп

Анкета: Азиските гласачи ѝ даваат предност на Харис пред Трамп

Вашингтон, 24 септември 2024 (МИА) - Потпретседателката на САД, Камала Харис, кандидатка на Демократската партија на претседателските избори, е попопуларна кај гласачите со потекло од Азија, Хаваи и Пацифичките острови од републиканскиот кандидат и поранешен претседател, Доналд Трамп.

Новата анкета, спроведена од невладините организации „AAPI Data“ и „APIAVote“, открива дека шест од 10 гласачи имаат позитивно мислење за Харис, додека околу една третина од гласачите имаат негативно мислење за неа.

Според анкетата, тројца од 10 гласачи имаат позитивен став за Трамп, додека околу две третини имаат негативен став.

Анкетата покажува дека гласачите го поврзуваат својот културен идентитет повеќе со Харис отколку со Трамп, бидејќи околу половина од гласачите сметаат дека Харис подобро го претставува нивното потекло и култура, додека само еден од 10 го вели истото за Трамп. ссм/

фото: архива

Остани поврзан