• понеделник, 23 декември 2024

Анета Шандева-Доневска, нов директор на ЈП „Куманово план“

Анета Шандева-Доневска, нов директор на ЈП „Куманово план“

Куманово, 15 ноември 2024 (МИА) - Нов директор на јавното претпријатие „Куманово план“ е Анета Шандева – Доневска, магистер по правни науки.

- Најважно е да се продолжи со успешно и позитивно финансиско работење и остварување на целта за кое е формирано ова јавното претпријатие. Да обезбедиме рамномерен просторен и одржлив развој на општината, заштита и унапредување на животна средина и природа, заштита на културно историски вредности за да создадеме услови за хумано живеење на нашите граѓани, изјави Шандева-Доневска.

Шандева Доневска е магистер по правни науки и има долгогодишно работно искуство во приватниот сектор, ЕСМ, ЕВН, но и АВРСМ-Центар за вработување Куманово, беше и советник во Совет на Општина Куманово во мандатот 2017 – 2021 година од ВМРО ДПМНЕ. Таа доаѓа на местото на Сања Јаќимовиќ Петковска која замина на позиција во Царинската Управа.

ЈП „Куманово план“  е лиценцирано јавно претпријатие кое работи заедно со општината во проектирање и имплементација на урбанистички планови. ам/дма/


Фото: Анета Шандева Доневска

Остани поврзан