• вторник, 24 декември 2024

Ангов: Продолжува градежната офанзива во Општина Дојран

Ангов: Продолжува градежната офанзива во Општина Дојран

Дојран, 12 април 2024 (МИА) - Градоаначалникот на Општина Дојран, Ангов информира дека денеска со претставници од Министерството за транспорт и врски, од компанијата „Геинг“ како надзор на проектот и претставници од општинската администрација, официјално е направен вовед во градежните активности за изградба и реконструкција на улиците „Никола Карев“, „Јане Сандански„ и „Вељко Влаховиќ“ во Стар Дојран.

Според објавата на неговиот фејсбук профил, станува збор за реконструкција на улици во должина од 1,3 километри, средствата се обезбедени преку Програмата за локални патишта, преку Министерството за транспорт и врски, а се финансираат од Светска Банка.

-Заедно со претходните три централни улици во населените места Фурка, Црничани и Николиќ кои во моментов се работат и се во завршна фаза, преку оваа Програма успеавме да реализираме над пет километри локални улици во нашата општина, напиша Ангов. рт/вг/

Фото: фб Анго Ангов

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан