• петок, 26 јули 2024

Американскиот Претставнички дом в среда ќе гласа за отповикување на Трамп

Американскиот Претставнички дом в среда ќе гласа за отповикување на Трамп
Вашингтон, 11 јануари 2021 (МИА) - Претседателот на Комисја на Претставничкиот дом за правила на пратениците, Џим Мекговерн, изјави дека очекува в среда да се гласа за обвинителен акт и отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп, додавајќи оти ќе биде изгласано. - Важно е да се дејствува и да се дејствува многу сериозно и со цел. Очекуваме (обвинителниот акт) да влезе на пленарна седница в среда. Исто така, очекувам да биде усвоен, изјави Мекговерн во интервју за Си-Ен-Ен. Мекговерн додаде дека очекува републиканските конгресмени да се спротивстават на барањето за резолуција со која се бара потпретседателот Мајк Пенс да се повика на 25-от амандман на Уставот на САД и да го тргне Трамп од власт. Во тој случај, неговиот Комитет ќе изготви правило за доставување на овој предлог-закон за гласање, а потоа, 24 часа подоцна, ќе достави нова резолуција што се однесува на отповикувањето (импичмент). - Тоа што овој претседател го направи е неморално и тој мора да одговара за тоа, нагласи Мекговерн. ми/

Остани поврзан