• петок, 23 август 2024

Американска телекомуникациска казнета со еден милион долари за лажен предизборен повик генериран со ВИ

Американска телекомуникациска казнета со еден милион долари за лажен предизборен повик генериран со ВИ

Вашингтон, 22 август 2024 (МИА) – Американска телекомуникациска компанија „Линго телеком“ (Lingo Telecom) е казнета со еден милион долари поради лажен повик со гласот на американскиот претседател Џо Бајден, што било генерирано со помош на вештачка интелигенција (ВИ).

Федералната комисија за комуникации (ФЦЦ) вчера соопшти дека „Линго телеком“ се согласил да ја плати казната и исто така се обврзал на единствена програма за проверка на доверливоста на клиентите кои ги користат нејзините мрежи за пренос на податоци.

Лажниот повик со глас што звучеше како гласот на Бајден беше искористен во јануари за да се повикаат гласачите во американската сојузна држава Њу Хемпшир да не учествуваат на прелиминарните избори на Демократската партија.

Гласот на Бајден во повикот беше генериран со помош на софтвер за вештачка интелигенција, а информациите за испраќачот исто така беа фалсификувани, што изгледаше дека доаѓа од демократски политички комитет. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан