• сабота, 23 ноември 2024

Американската компанија „ALK Capital“ го купи премиерлигашот Барнли

Американската компанија „ALK Capital“ го купи премиерлигашот Барнли
Барнли, 31 декември 2020 (МИА) – Американската компанија „ALK Capital“ е нов мнозински сопственик на Барнли, моментно 16-то пласираната екипа во Премиерлигата, соопшти денеска клубот од северозападна Англија. „ALK Capital“ е инвестициска групација, специјализирана за вложување во спортскиот и медицинскиот сектор, а откупи 84 отсто од акциите на Барнли. Извршниот директор на американската компанија Алан Пејс ја презеде должноста претседател на Барнли од Мајк Гарлик, кој со својот досегашен партнер Џон Банаскијевич останува во Управниот одбор на премиерлигашот. -Овој клуб со богата традиција, извонредна академија и страсна навивачка база, има солидни темели на кои можеме да продолжиме да градиме, истакна Гарлик во соопштението до јавноста. Барнли стана уште еден во низата англиски клубови што се во американска сопственост, приклучувајќи им се, меѓу другите, на Ливерпул, во кој доминантен сопственик е групацијата „Fenway Sports Group“ и Манчестер јунајтед, кој е во сопственост на семејството Глејзер. ег/

Остани поврзан