• вторник, 24 декември 2024

Амбасадорот Марковски се сретна со новоизбраниот албански претседател, Бегај

Амбасадорот Марковски се сретна со новоизбраниот албански претседател, Бегај
Тирана, 29 јуни 2022 (МИА) - Македонскиот амбасадор Данчо Марковски денеска оствари протоколарна средба со новоизбраниот претседател на Република Албанија, Бајрам Бегај.
-Разговорот беше искористен за меѓусебно информирање околу најактуелните прашања од билатералната соработка меѓу двете земји, активностите поврзани со „Отворен Балкан", како и за активностите и позициите на Северна Македонија на нејзиниот европски пат, информираа од амбасадата.
Како што посочуваат, Бегај ја истакнал воспоставената динамична соработка на премиерите Димитар Ковачевски и Еди Рама, како и владите на двете земји.
- Тој оцени дека позитивните резултати од економско трговската соработка, како и од другите сфери на соработка даваат охрабрување за натамошно проширување и продлабочување во односите. Се заложи  дека во таа насока и тој ќе даде свој придонес, нагласуваат од амбасадата.
Во однос на пристапниот процес, Бегај истакнал дека Северна Македонија постигнала значаен напредок во исполнувањето на европските критериуми.
Според него, останува на Унијата да ги почитува сопствените критериуми за проширување на нејзините граници во кои ќе влезат и Северна Македонија и Албанија.
Исто така, нагласил дека е неопходен дијалог и позитивен пристап кон земјите кандидати, во кој ќе нема место за поставување услови во кои се доведува во прашање идентитетот на една држава.
-Бегај информираше дека имал прилика да ја посети Северна Македонија при што, остварил и средба со претседателот Стево Пендаровски. Амбасадорот Марковски изрази надеж дека по преземањето на функцијата, Бегај,  ќе ја посети нашата земја,  посочуваат од амбасадата.
Генерал Бајрам Бегај (55), Парламентот за претседател го избра на 4-ти месецов, а свечено функцијата ќе ја преземе на 24 јули.вт/бт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан