• сабота, 27 јули 2024

Ал Хорфорд ќе го пропушти остатокот од сезоната

Ал Хорфорд ќе го пропушти остатокот од сезоната
Вашингтон, 29 март 2021 (МИА) - Оклахома ќе биде без Ал Хорфорд во составот до крајот на оваа сезона и ќе се обиде да го размени центарот за време на меѓусезоната, објави инсајдерот на ЕСПН, Адријан Војнаровски. Тандер го купи Хорфорд од Филаделфија во декември минатата година во мултилатерална размена. Сепак, клубот сега е насочен кон обезбедување поголема минутажа за младите играчи. Генералниот директор Сем Прести им соопшти на Хорфорд и неговиот агент дека ќе се обиде да најде нов тим за центар на крајот на сезоната. Хорфорд, кој наводно ќе продолжи да тренира со тимот во Оклахома Сити, изјави дека ќе ги бодри своите соиграчи. зс/

Остани поврзан