• сабота, 16 ноември 2024

Ал Хилал му нуди на Меси договор вреден 400 милиони евра годишно

Ал Хилал му нуди на Меси договор вреден 400 милиони евра годишно

Ријад, 5 април 2023 (МИА) - Саудиски Ал Хилал испратил официјална понуда за договор до напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Лионел Меси, објави новинарот Фабрицио Романо.

 

Според Романо, платата на 35-годишниот Аргентинец во саудискиот клуб ќе биде 400 милиони евра годишно.

 

Меси е во ПСЖ од летото 2021 година. Неговиот договор со парижаните е до јуни 2023 година. Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на фудбалерот на 45 милиони евра.

 

Во тековната сезона Меси одигра 33 натпревари за ПСЖ, постигна 18 голови и 17 асистенции. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан