• петок, 26 јули 2024

Алиев: Операцијата на Азербејџан во Нагорно-Карабах ќе заврши ако ерменските сепаратисти го „остават оружјето“

Алиев: Операцијата на Азербејџан во Нагорно-Карабах ќе заврши ако ерменските сепаратисти го „остават оружјето“

Баку, 20 септември 2023 (МИА) - Операцијата на Азербејџан во Нагорно-Карабах ќе заврши доколку ерменските сепаратисти го „остават оружјето“, рече претседателот Илхам Алиев во телефонскиот разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, се вели во соопштението на претседателството.

Алиев му рекол на Блинкен „дека антитерористичките мерки ќе бидат запрени доколку (силите на Карабах) го положат оружјето“, се вели во соопштението. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан