• понеделник, 23 декември 2024

Албанската полиција уапси лица кои шверцувале оружје од Албанија во ОК

Албанската полиција уапси лица кои шверцувале оружје од Албанија во ОК

Тирана, 1 август 2024 (МИА) - Албанската полиција уапси три лица кои биле дел од криминална група која шверцувала огнено оружје од Албанија во Обединетото Кралство.

-Арсенал на оружје меѓу кои 25 огнени оружја (24 пиштоли и 1 калашников), стотици куршуми, ласери кои се монтираат на специјално оружје и се користи за гаѓање од далечина и оптичка опрема. Запленети се и маскирна облека како на полициските специјалци, четири возила, осум мобилни телефони, сим картички, два лаптопа и две парчиња ладно оружја (ножеви), соопшти полицијата.

Покрај тројцата уапсени А.Х., Б.Т. и Р.А., сите тројца жители на Тирана, се трага потрага по уште три лица, за кои постојат основи на сомневање дека се кријат во Обединетото Кралство.

-Арсеналот оружје и другите одземени предмети се пронајдени во живеалиштето на А.Х. кој, според истрагата, е водач на криминалната група. Во текот на акцијата биле извршени проверки во шест станови, во Тирана и Тропоја, стои во полициското соопштение.

Истрагата почнала во април минатата година, а акцијата била спроведена од страна на Управата за организиран криминал и Управата за специјални оперативни сили во Одделот за криминалистичка полиција на Државната полиција, со поддршка на Локалната полициска управа на Тирана и Полициската станица Тропоја, во тесна соработка со Специјалното јавно обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, Националното биро за истраги и британските органи за спроведување на законот. вт/

Фото: Албанска полиција

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан