Иранското нуклеарно познавање не може да биде уништено, вели висок ирански функционер
- Иран изјави дека неговото нуклеарно познавање не може да биде уништено и покрај нападот на САД врз неколку ирански нуклеарни постројки преку ноќ.

Техеран, 22 јуни 2025 (МИА) - Иран изјави дека неговото нуклеарно познавање не може да биде уништено и покрај нападот на САД врз неколку ирански нуклеарни постројки преку ноќ.
-САД треба да знаат дека нуклеарната индустрија е вкоренета во нашата земја и нејзините корени не можат да бидат уништени, изјави Бехруз Камалванди, портпарол на Организацијата за атомска енергија на Иран, цитиран од иранските медиуми.
„Секако дека претрпевме штета, но ова не е прв пат ова да се случи во овој сектор“, додаде тој. мс/
фото: МИА архива