Алаба надвор од терените еден месец, Родриго десетина дена
- Давид Алаба и Родриго Гоес ќе ги пропуштат следните натпревари на Реал Мадрид.
Мадрид, 23 февруари 2023 (МИА) - Давид Алаба и Родриго Гоес ќе ги пропуштат следните натпревари на Реал Мадрид.
Двајцата играчи се повредија на првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против Ливерпул (5:2) одигран во вторникот. Алаба беше заменет во 27. минута, а Родриго во 81.
Прес-службата на Реал Мадрид извести дека на Давид му било констатирано оштетување на тетивата на бицепсот на десната нога. Родриго има повреда на бутен мускул.
Според телевизијата „El Chiringuito“, на Алаба ќе му треба околу еден месец да закрепне, а на Родриго околу 10 дена.
На 25 февруари Реал ќе игра против Атлетико Мадрид, а на 2 март против Барселона. Така, Алаба и Родриго најверојатно нема да им помогнат на „Кралевите“ Мадрид на овие натпревари.
Фото: ЕПА