• петок, 05 декември 2025

Македонија се пласира во Втората Светска група на Дејвис купот

Македонија се пласира во Втората Светска група на Дејвис купот

Скопје, 14 јуни 2025 (МИА) - Македонските тенисери изборија пласман во Втората Светска група на Дејвис купот. Македонија во 2010 година последен пат играше во Втората Евро-африканска зона, што значи и промоција по 15 години.

Мечот со Летонија не е завршен, но Калин Ивановски изедначи на 1:1 по победата од 2:0 (6:3 и 6:4) против Артус Жагарс. 

Пласманот односно промоцијата беше обезбедена и пред почетокот на Ивановски бидејќи на теренот број 5 Црна Гора го доби дуелот со Молдавија со 3:0 откако Молдавија ги предаде двата меча, а првиот го загуби.

Во мечот во двојки кој ќе решава за победникот за Македонија ќе играат Ивановски и Мицов, додека за Летонија ќе настапат Карлис Озолинс и Роберт Стромбачс. зс/

Фото: Игор Паневски/ТФМ

Остани поврзан