• петок, 05 декември 2025

Пелистер загуби од ГОГ во полуфиналето на Ф4 во младинската ЛШ

Пелистер загуби од ГОГ во полуфиналето на Ф4 во младинската ЛШ

Дормаген, 14 јуни 2025 (МИА) - Ракометарите на Еурофарм Пелистер денес загубија од загубија ГОГ Гудме од Данска со 36:21 во полуфиналето на завршниот турнир во младинската Лига на шампиони.

Данскиот тим ја диктираше играта и ја имаше контролата на резултатот во текот на целиот натпревар.

Веќе по првите 30 минути ГОГ водеше со пет голови предност (17:12), за на крај предноста да биде убедлива.

Битолчани утре ќе играат за третото место.

Во второто полуфинале се среќаваат Барселона и Веспрем. зс/

Фото: Еурофарм Пелистер ФБ

Остани поврзан