Активни три пожари - кај Винче, на Кожуф и на патот Богданци - Гевгелија
- Активни пожари има кај скопското село Винче, на планината Кожуф и на патот Богданци - Гевгелија. Под контрола се пожарите во Трубарево, во Дрисла и на делчевската депонија Острец.
Скопје, 16 септември 2025 (МИА) - Вкупно 23 пожари на отворен простор се регострирани во земјава до 18:00 часот, од кои три се активни, три се под контрола, а 17 се изгснати, соопшти ЦУК.
Активни пожари има кај скопското село Винче, на планината Кожуф и на патот Богданци - Гевгелија.
Под контрола се пожарите во Трубарево, во Дрисла и на делчевската депонија Острец.
Фото: МИА