Активен пожар во Дрисла, вчера вкупно 28, а месецов 484
- Активен е пожар во скопската депонија Дрисла, што избувна вчера, кога биле регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор. - Сите пожари започнаа од стрништа (земјоделски земјишта на кои се палат остатоци од земјоделски култури или меѓи обраснати со трева, трње, грмушки и слично), информираа утрово од ЦУК.

Скопје, 22 март 2025 (МИА) - Активен е пожар во скопската депонија Дрисла, што избувна вчера, кога биле регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор. - Сите пожари започнаа од стрништа (земјоделски земјишта на кои се палат остатоци од земјоделски култури или меѓи обраснати со трева, трње, грмушки и слично), информираа утрово од ЦУК.
Од почетокот на месецов заклучно со вчера се регистрирани вкупно 484 пожари на отворен простор од пошироки размери. Од нив 23 биле шумски пожари, а во останатите 461 пожар на отворен простор гореле висока сува трева, стрништа, нискостеблеста и деградирана шума, како и ѓубришта.
Во текот на вчерашниот ден пожари имало во: Општина Илинден: с.Илинден (ѓубриште);
Општина Сарај: с.Ласкарце (ѓубриште и ниска вегетација);
Општина Кисела Вода 1: ул.Сердарот (ниска вегетација); Општина Кисела Вода 2: ул. Паризански пат нас. Драчево (стари дрвја, гуми и ѓубриште);
Општина Струмица: Место викано Софилари и с.Баница (ниска вегетација, стрниште и трска);
Општина Гевгелија: Место викано Беќарови Чешми (ниска вегетација);
Општина Битола 1: с.Брник (ниска вегетација);
Општина Битола 2: Кај туланата (ниска вегетација); Општина Крушево: с.Врбоец (ѓубриште и ниска вегетација);
Општина Ресен: с.Бела Црква (ниска вегетација),
Општина Прилеп 1: Место викано Заград (ниска вегетација);
Општина Прилеп 2: ул.Осоговска (ниска вегетација);
Општина Пехчево: Во близина на Пехчево (ниска вегетација);
Општина Пехчево 2: с.Црник (ниска вегетација);
Општина Делчево: Индустриска зона (ниска вегетација и стрниште);
Општина Кочани: с.Соколарци (ниска вегетација);
Општина Куманово1 : Кај Гробиштата во с.Добрашане (ниска вегетација);
Општина Куманово 2: Кај наплатна рампа Романовце (ниска вегетација);
Општина Куманово 3: с.Добрашане (ниска вегетација);
Општина Крива Паланка: с.Матинци маало Бзјаци (ниска вегетација и букова шума);
Општина Кратово: с.Коњух (ниска вегетација и грмушки);
Општина Јегуновце: с.Вратница (ниска вегетација);
Општина Брвеница: с.Седларце (ниска вегетација и стрниште);
Општина Желино: с.Мерово (ниска вегетација и стрниште);
Општина Тетово: с.Ларце (мешана шума);
Општина Гостивар: с.Бањица (ниска вегетација);
Општина Сопиште: Над депонија Дрисла (ниска вегетација).лв/
фото:МИА