• вторник, 24 септември 2024

Агентот на Хакими: По крајот на сезоната, Ашраф ќе се врати во Реал

Агентот на Хакими: По крајот на сезоната, Ашраф ќе се врати во Реал
Дортмунд, 29 мај 2020 (МИА) - Дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Ашраф Хакими, изнајмен од Реал, ќе се врати во Мадрид. - По завршувањето на сезоната, тој ќе се врати во Реал Мадрид. Сака да игра исто како оваа сезона, и да биде во почетниот состав на секој натпревар, изјави Алехандро Камано Онда, агент на фудбалерот. Имаме прекрасен дијалог со Реал Мадрид. Ќе се договориме, не заборавајќи на главната цел - порано или подоцна да играме за Реал, затоа што за него тој е најдобриот клуб на светот, додаде Онда. Оваа сезона, 21-годишниот Мароканец помина настапи на 40 натпревари на сите турнири, во кои постигна осум голови и направи 10 асистенции. зс/

Остани поврзан