• петок, 23 август 2024

Автомобил со македонски регистарски ознаки учествувал во сообраќајна несреќа во Албанија

Автомобил со македонски регистарски ознаки учествувал во сообраќајна несреќа во Албанија

Дебар, 22 август 2024 (МИА) - Автомобил со македонски регистарски ознаки учествувал во сообраќајна несреќа, што се случила кај албанскиот град Либражд, кој е во близина на преминот Ќафасан, кај Струга.

- Во автомобилот со скопски регистарски таблички се наоѓало четиричлено семејство, при што со полесни повреди се здобиле родителите. Укажана им е лекарска помош во хируршкото одделение во Регионалната болница во Елбасан и се надвор од животна опасност, објавија албанските медиуми.

Несреќата се случила во 12:40 часот кај месноста Мураш, на патниот правец Либражд - Елбасан, кога дошло до директен судар на комби возило и автомобилот.

Несреќата се случила на делница од патот кој се реконструира, каде е поставен семафор за регулирање на движењето. Едно од возилата не го почитувало семафорот, судирајќи се со другото возило. вт/са/

Фотог: принтскрин

Остани поврзан