• сабота, 27 јули 2024

Австралиската влада ги засилува напорите за сузбивање на пушењето и вејпувањето

Австралиската влада ги засилува напорите за сузбивање на пушењето и вејпувањето

Канбера, 2 мај 2023 (МИА) -  Австралиската влада ќе ги зголеми даноците на тутунот за неколку милијарди долари во текот на следните четири години како дел од напорите за сузбивање на пушењето, а вејпувањето ќе биде забрането.

- Рекреативното вејпување (електронски цигари) ќе биде забрането бидејќи владата се обидува да ја спречи следната генерација да стане зависна од никотин, изјави денеска министерот за здравство Марк Батлер.

Данокот на тутунот ќе се зголемува за пет отсто годишно почнувајќи од септември, рече тој, со вкупно зголемување од 3,3 милијарди австралиски долари (2,2 милијарди американски долари) во текот на четири години.

Претходно беше зголемен данокот на електронските цигари, а беа засилени и контролите на нивниот увоз и пакување.

Владата ќе работи со сојузните држави за да ја запре продажбата на е-цигари во продавниците на мало и да го олесни добивањето рецепт за терапевтска употреба.

За да го запре растечкиот црн пазар, владата ќе ги заостри контролите на производството на вејпери, вклучително и ограничување на вкусовите и боите.

Ќе бара пакување слично на фармацевтските производи, ќе го намали максималниот број на вдишувања и нивото на никотин и ќе ги забрани електронските цигари за еднократна употреба. ссм/

фото: pixabay.com

Остани поврзан