• среда, 21 август 2024

Авганистанците кои сакаат да се преселат во САД за виза ќе аплицираат на Филипини

Авганистанците кои сакаат да се преселат во САД за виза ќе аплицираат на Филипини

Манила, 20 август 2024 (МИА) – На барање на САД, Филипини привремено ќе бидат домаќини на американски центар за обработка на имигрантски визи за ограничен број авганистански државјани, кои сакаат да се преселат во Америка, соопшти филипинското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се наведува дека договорот е во завршна фаза и треба да биде ратификуван од филипинскиот претседател Бонгбонг Маркос пред да стапи во сила.

Сè уште е непознато колку Авганистанци ќе бидат примени на Филипини за да ги добијат своите специјални имигрантски визи за преселување во САД. Неименуван висок филипински функционер истакна дека само 150 до 300 кандидати ќе бидат сместени на Филипините.

Портпаролката на филипинското МНР, Тересита Даза посочи дека авганистанските државјани ќе треба да обезбедат визи за да влезат на Филипините и ќе бидат предмет на „целосна безбедносна проверка“.

- Секој апликант за виза на Филипини ќе може да остане најмногу 59 дена. Американската Влада ќе ги сноси трошоците за престојот на авганистанските државјани, вклучувајќи храна, сместување, безбедност и медицински и транспортни трошоци. Американската Влада и Меѓународната организација за миграција (ИОМ), како управител на објектот во кој ќе бидат сместени апликантите за авганистанска виза, ќе обезбедат соодветна социјална, образовна, верска и друга поддршка, наведе Даза. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан