• четврток, 07 ноември 2024

Абијан: Во израелските напади врз Либан за 1,5 месец загинале над 2.600 луѓе

Абијан: Во израелските напади врз Либан за 1,5 месец загинале над 2.600 луѓе

Бејрут, 6 ноември 2024 (МИА) – Министерот за здравство на Либан, Фирас Абијад денеска изјави дека повеќе од 2.600 луѓе, најголем број цивили, загинале во израелските напади.

Над 2.600 луѓе загинаа во израелските напади врз Либан од 23 септември, посочи Абијан.

Вкупниот број на жртви во Либан од октомври минатата година, кога почна судирот помеѓу Израел и Хезболах, изнесува 3.000. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан