• сабота, 22 февруари 2025

Џабарин: Утре ќе ги предадеме имињата на четворица израелски заложници

Џабарин: Утре ќе ги предадеме имињата на четворица израелски заложници

Рамала, 23 јануари 2025 (МИА) – Шефот на палестинската милитантна група Хамас на Западниот Брег, Захер Џабарин, денеска потврди дека Хамас утре ќе им ги предаде на посредниците имињата на четворицата израелски заложници кои ќе бидат ослободени во втората група како дел од првата фаза од Договорот за прекин на огнот.

В сабота тие ќе бидат разменети за палестински затвореници, од кои некои се осудени на доживотен затвор.

Тој во интервју за телевизијата Ал Араби рече дека договорот се движи во вистинска насока „благодарение на волјата на отпорот и на палестинскиот народ и покрај израелските прекршувања“.

Џабарин посочи дека по завршувањето на размената во сабота, на жителите на Газа ќе им биде дозволено да се движат од југ кон север на Појасот Газа, во согласност со договорот дека процесот ќе биде завршен во фази и мапи додека не се отстранат сите пречки. јт/

Фото: ТВ АЛ Араби

Остани поврзан