• сабота, 22 февруари 2025

Штрајк за плати на вработените во прилепскиот царински терминал

Штрајк за плати на вработените во прилепскиот царински терминал

Прилеп, 13 февруари 2025 (МИА) - Осуммина вработени во прилепскиот царински терминал излегоа на протест барајќи си ги платите за шест месеци. Ова е нивни втор протест за три месеци. Состојбите, велат не се промениле.

-Седум месеци да се живее без личен доход е многу тешко. Одработени, а без здравство, а сите сме со преку 50 години. Ни требаат редовни терапии. Ова е неиздржливо, вели Валентина Сотироска, вработена во Терминалот.

- Осум мина сме вработени што значи дека Терминалот довол „вади“ средства за осумте вработени. ЈКП „Комуналец“ е наш основач. А должностите и обврските на основачот се јасни: добивката ја зема основачот, загубата, исто, ја плаќа, основачот, вели Зоран Стефаноски, вработен во Терминалот.

Вработените ја имаат поддршката од синдикалната организација

-Шест плати не се исплатени. Вчера добивме една плата за седми месец 2024 година. Барањата на вработените се да се исплатат, барем, четири плати за да се дојде до здравствено осигурување. Апелираме до надлежните институции да се реши овој проблем, зашто се одолговолекува,  изјави Пеце Игески од синдикалната организација.

Од прилепски „Комуналец“, под чии ингеренции е Терминалот, велат дека вработените во текот на вчерашниот ден добиле една плата, но сепак го најавиле и го закажале штрајкот. Настојуваат да најдат решение.ем/са/

Фото: МИА

Остани поврзан