Штипјани го користат кол центарот да пријават проблем во комуналното претпријатие
- За една недела во кол центарот на штипското комунално Јавно претпријатие (ЈП) ,,Исар"- Штип имало 148 јавувања од граѓаните. Во соопштението од ЈП ,,Исар" се наведува дека повиците за пријавување на дефекти и проблеми за чие решавање се надлежни се направени на телефонскиот број 032/609-555, што функционира од минатата среда како контакт (телефонски) центар и наменет за поддршка на граѓаните и правните лица во периодот од една недела, односно од 29 јануари кога се пушти во употреба до 5 февруари.

Штип, 5 февруари 2025 (МИА) - За една недела во кол центарот на штипското комунално Јавно претпријатие (ЈП) ,,Исар"- Штип имало 148 јавувања од граѓаните. Во соопштението од ЈП ,,Исар" се наведува дека повиците за пријавување на дефекти и проблеми за чие решавање се надлежни се направени на телефонскиот број 032/609-555, што функционира од минатата среда како контакт (телефонски) центар и наменет за поддршка на граѓаните и правните лица во периодот од една недела, односно од 29 јануари кога се пушти во употреба до 5 февруари.
- Најмногу јаувања во рок од една недела, граѓаните пријавувале истекување и запушување на фекална канализација, додека правните лица најмногу го барат секторот финансии. Инаку, кол-центарот работи 24 часа на ден, 7 дена во неделата и граѓаните можат да се обратат за секој проблем или да добијат информаци од секоја Работна единица и сектор кој е дел од ЈП ,,Исар", се вели во соопштението од претпријатието.
Кол ценатрот во ЈП ,,Исар" беше отворен со цел граѓаните постојано да имаат можност да пријавуваат проблеми, дефекти, да пријават за собирање на кабаст отпад или слично. Екипи на ЈП ,,Исар" по добиениот повик излегуваат на терен и се во служба на граѓаните. Истовремено, може да се прифатат и повеќе повици истовремено и секој граѓанин да биде услужен. вдј/лв/
фото: МИА