Штипското Здружение на инвалиди на трудот поделија новогодишни пакетчиња на децата хоспитализирани на Педијатрија
- Околу 20 дечиња кои се хоспитализирани на одделнието за Педијатрија при Клиничка болница- Штип, денеска добија новогдишни пакетчиња од страна на Здружението на инвалиди на трудот. Марина Гацова член на Здружението вели целта им е на децата да го разубават престојот за време на празниците во болницата, а со ова тие им ги честиаат Божниќните и Новогодишните празници, како на дечињата, така и на персоналот од ова одделние.
Штип, 5 јануари 2026 (МИА) - Околу 20 дечиња кои се хоспитализирани на одделнието за Педијатрија при Клиничка болница- Штип, денеска добија новогдишни пакетчиња од страна на Здружението на инвалиди на трудот. Марина Гацова член на Здружението вели целта им е на децата да го разубават престојот за време на празниците во болницата, а со ова тие им ги честиаат Божниќните и Новогодишните празници, како на дечињата, така и на персоналот од ова одделние.
-Ние членките на активот на жени, здружението на инвалидите на трудот од Штип решивме со мали, скромни поклони барем за еден миг да им го разубавиме престојот на одделнието на дечињата, да им посакаме среќни Божиќни и Новогодишни празници, на нив, на нивните родители, а секако и на персоналнот на детското одделние. Ние донесовме 20 пакетчиња во договор со началникот на одделнието, бидејќи толку дечиња од прилика има на одделнието во овој период, вели Гацова.
Длабока благодарност до здружението, посебно упатија лекарите и медицинскиот персонал од болницата.
Педијаторот во Клиничка болница-Штип, Ирена Пешовска вели дека во моментов актуелен е грипот, а во болнички услови се лекуваат околу десеттина новороденчиња, дечиња од предшколска и училишна возраст. вдј/ац/
Фото: МИА